Турист платил 20 евра за кафе и вода,крај езерото Комо, Италија

ТУРИСТ, кој посетил кафуле со поглед на езерото Комо во италијанската провинција Ломбардија, платил 20 евра за двојно кафе и шише вода.

 

Кога го прашал сопственикот на барот дали можеби е во луксузно одморалиште на островот Капри, алудирајќи на тоа дека не е на ексклузивна туристичка локација, тој одговорил дека „слободен е да оди на друго место ако не може да си го дозволат тоа“, пишуваат италијанските медиуми.

„Мојот локал не може да биде достапен за секого. Тие што не можат да си дозволат можат да одат на друго место, тоа не е ароганција“, вели сопственикот на локалот.

 

Цената на кафето во Италија не е иста во сите градови. Во Венеција е највисок и чини до 24 евра, додека во Неапол можете да го пиете за околу едно евро со чаша вода.

 

index.hr