(ФОТО) Наскоро осветување на македонската православна црква Св. Злата Мегленска во С’ботско, Егејска Македонија

30 март 2023 година, С’ботско, Беломорскиот дел на Македонија – Заврши монтажата на иконостасот во Македонската православна црква “Света Злата Мегленска“ во С’ботско (по грчки Аридеа) во Беломорскиот дел на Македонија, деновиве се поставени речиси сите икони на него.
Неговото Високопреподобие отец Никодим архимандрит Мегленски, основач на Македонската православна црква “Света Злата Мегленска“ во С’ботско, најави скоро осветување на црквата, за што јавноста дополнително ќе бде известена, која со помош од Македонците во целиот свет, макотрпно ја гради со години, паралелно со борбата за човековите права и граѓанските слободи на Македонците во Грција.
Аирлија работа и за многаја лета оче Никодиме, за навек Македонската православна црква “Света Злата Мегленска“ во С’ботско.
Поддршка за Македонците во Беломорскиот дел на Македонија и во цела Грција, тие се лојални државјани, вградени во темелите на државноста на Елада, и ним им следат сите права и слободи како и на сите останати, пишува во својата објава Тодор Петров.