Полициски службеници на СВР Тетово денеска (8 април) околу 18 часот го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., затоа што при претрес извршен со судска наредба попладнево во неговиот дом и помошни простории во Тетово, пронајдена му се три ќесиња со марихуана, дигитална вага и 43 зипер кесички.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.