Ниту криза ниту инфлација не ги чепка македонските функциониери по последната одлука на Уставниот суд со која нивните плати во просек ќе се зголемат за неверојатни 78%.
Па така од први, Претседателот кој има највисока плата во државата ќе добие зголемување од 72.500 денари па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари, објави sitel.com.mk.
Многу повеќе пари дома ќе однесат и министрите и премиерот. Нивните плати од околу 65.000 денари сега ќе скокнат за дополнителни 50.000 денари па од први на сметките секој месец ќе им префрламе по близу 2000 евра нето плата.
Зголемување ќе добијат и пратениците кои на сегашната плата од околу 60.000 денари ќе добијат плус 700 евра месечно и дома ќе однесат нето плата повисока од 1.700 евра.
Текстот во целост на: sitel.com.mk.