Не личи на татко на партијата да фаќа страна, туку Али Ахмети треба да се врати на старо, кога и покрај поделбите во размислувањата, тој бил оној што на крај ги седнувал и пресекувал, вели потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити, објави slobodnaevropa.mk.
РСЕ: Господине Меџити во текот на изминатата недела излеговте на терен, што личи како да сте во внатрепартиска кампања. Од друга страна овој викенд на терен се излезени и другите ваши сопартијци предводени од Артан Груби. Која е целта?
Изет Меџити: Ние во овие три години баравме да се формираат партиските тела, бидејќи највисок орган е Конгресот, но меѓу конгресите треба да има партиски тела за да функционира партијата. Три години немаше партиски тела, едвај успеавме да се убедиме да се формираат тие тела. Се формира новото Претседателство, имаше две претседателската на кои дебатиравме на овие теми, и кога требаше да се одржи и третото за да се донесат заклучоци во врска со отчетот на владиниот состав на ДУИ, за сработеното, за програмата, за се она што дискутиравме ни кажаа дека нема да има претседателство, значи пак нема партиски тела, нема дебата, нема анализа, нема отчет. Ова се европски вредности на секоја европска партија и да претендираш да придонесеш Република Македонија да биде дел од Европската унија, а во партијата да нема партиски тела и да нема дебата е контрадикторно. Нашата цел е да се исправиме, пред да се исправи народот, оти тогаш ќе биде касно. Слушнав дека тие се повикуваат на некаква одлука на централното собрание, тоа не е точно, централно собрание немало година дена. Претседателство не е свикано, камо ли собрание. Не знам од кои причини тие излегуваат на терен, но добро е што излегуваат, за да се сретнат со граѓаните и нека го слушнат народот, бидејќи ќе пресече кој е во право – ние или тие.
РСЕ: На лидерот Али Ахмети јавно му порачавте да не го пали јорганот за една или неколку болви. Ако главен проблем во партијата е Артан Груби, кои се другите болви, како што ги нарековте?
Изет Меџити: Во принцип мора да кажеме и во некои случаи да спомнеме некои имиња. Првиот е Артан Груби. Владиниот состав на ДУИ, со некој исклучок ниту излезе на терен да собира гласови во 2020, ниту имаат поминато да земат мандат од народот, исто така овој владин состав не е поминат на централно собрание во Демократската унија за интеграција, значи немаат мандат од граѓаните, немаат мандат од партијата. Ние за атар на Али Ахмети, нашиот претседател преќутевме овие две години.
РСЕ: Што најмногу ви пречи кај Груби, за кој во јавноста се добива впечаток дека е десна рака на Ахмети?
Изет Меџити: Мене не ми пречи, проблемот е во тоа што во овие две години наместо да биде чувар на ориентационите политики на ДУИ и програмата на ДУИ, ние доаѓаме до констатација дека програмата со која сме ги добиле овие избори е заборавена, во однос на реализација потфрлува и имам чувство дека е заборавен Рамковниот договор или дека е трампан за мултикултурализам или пак за граѓанско општество, чудно е што од многу близок до поранешната влада на Груевски, сега испаѓа дека е многу близок до концептот и на оваа другата влада, а заборавам на тоа што е устав за Демократската унија за интеграција, а тоа е Рамковниот договор, тој е причината што ДУИ во овие 20 години е победник и што е сработено во овие 20 години.
Интервјуто во целост и видео на: slobodnaevropa.mk