Македонката која успеа да биде дел од турска серија, Марија Лазарова

0
359

„Сите ѝ зборевме дека треба да престане да сонува за актерска кариера, но сепак таа и после 10 години од уништувањето на својот сон, проба пак. И што се случи? Се случи многу повеќе од тоа што очекуваше. Доби улога како гостин актер во турската серија Balkan Ninisi…“, споделува јутјуберот Стефан Лазаров за својата сестра Марија.

Стефан Лазаров отворено проговори за својата сестра Марија Лазарова, мејкап артистка, која не се откажала од својот сон да стане актерка, иако кога конкурирала првиот пат, била одбиена од Драмската академија.

Десет години подоцна, таа се обидела повторно и сега студира драмска уметност во Тетово, иако речиси никој, дури и нејзиниот брат не верувал дека ќе успее.

Сега, Марија иако е на почетокот на своите студии, доби улога во турската серија „Balkan Ninisi“.

Стефан открива дека неговата сестра совршено го владее турскиот јазик и дека е навистина горд на нејзината упорност да ги следи своите соништа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Lazarova (@earthandfireme)

crnobelo.mk