Германија од денеска ги прошири граничните контроли на сите свои граници во обид да ја спречи илегалната миграција, за што критичарите велат дека ги загрозува правилата на Шенген зоната за слобода на движење.
Германската полиција воведе контроли на премините со Луксембург, Белгија, Холандија и Данска, покрај претходните контроли на премините кон Полска, Чешка, Австрија, Швајцарија и Франција.
Подготовките за гранични контроли на германско-холандската граница се во полн ек во недела навечер, а веќе е присутнa и полицијата.
На граничниот премин Звартемер каде холандскиот А37 преминува во германскиот Б402, моментално е отворена само една лента. Сообраќајот од Емен се движи на десната лента каде од холандска страна левата лента е затворена, при преминувањето на границата сообраќајот се движи по левата лента и може да го помине контролниот пункт со ограничување на брзината од 30 километри на час.
На границата со Звартемер има неколку големи шатори, тоалети и зграда за координација.
Геманската полиција на лице место објавија дека ќе почнат со пасошки проверки на полноќ и дека интензитетот на проверките ќе варира секој ден.