Температури до 40 степени – Во најтоплите предели тие би можеле да надминат 40 степени

Почитувани мои, во текот на следната седмица нашата територија, но и територијата на целиот Балкански Полуостров ќе се наоѓа под влијание на екстремно топол бран од Африка. Температурите на воздухот постојнано ќе бидат во пораст, па така тие насекаде ќе надминуваат 30 степени.

Во поголем дел од Македонија максималните температури ќе се искачат  и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до 40 степени. Не се исклучува можноста локално тие  и да надминат 40 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Само во почетокот на следната седмица ќе има услови за изолирана попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Во Скопје за време на овој екстремно топол Африкански бран температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 39 степени. Секако особено во најтоплите централни и југоисточни предели очекуваме  и тропски ноќи, односно температурите во ноќните и утринските часови нема да се спуштат под 20 степени, стои во најновиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk