Во Собранието заврши за денеска 81-та пленарна седница, на која пратениците расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.
Истата седница продолжува во текот на утрешниот ден од 11 часот.
По завршувањето на седницата пратениците од опозицијата предводени од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потоа излегоа пред Собранието и се приклучија на демонстрантите.
извор: NEWS1.Mk