Обвинителството денеска ќе одлучува дали ќе бара притвор за адвокатот на Палчо, Васко Стојков, кој синоќа е приведен по неколкучасовниот распит во полициската станица Центар.
Стојков го превезувал осомничениот палевски од Скопје до Белград на 30 ноември, а откако се врати во изјава за медиумите се правдаше дека не знаел дека неговиот клиент е осомничен за две убиства.
„Не знаев дека е одговорен за убиствата на Вања и Панче. Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи нема возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград на преглед. Палевски ми рече дека ако не е во ред ќе оди на преглед во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав“, изјави на 4 декември Стојков.