(ВИДЕО) Весна Бејби: Во целата колективна траума, никој не прашува за сестрата и мајката на Вања

0
192

Прашајте каде се мајката на Вања, сестричката, апелира актерката Весна Петрушевска, додавајќи дека во оваа колективна траума заборавивме на нив две кои се исто жртви на насилство.

Прашањето што се поставува е – што ние како општество, ние како луѓе, ќе направиме за да му помогнеме на ова семејство? Затоа што не се виновни. Жртвата никогаш не е виновна и не треба да ги заборавиме, вели Бејби во видеото објавено на социјалните мрежи.

Како некој кој и самиот поминал низ трауматично искуство, Весна потсетува дека како држава немаме развиено систем како да им помогнеме на жртвите од насилство.