Истражувачите од мал јапонски град на северот на земјата пронајдоа одржливо решение
за еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат, а нивните научници велат дека
овој модел може да им служи на другите земји кои се соочуваат со слични проблеми.
Аомори, град со големина на Нови Сад, се наоѓа на 715 километри северно од главниот
град Токио. Покрај боровите шуми кои вообичаено ги красат овие предели, градот е
познат и како место со најмногу снежни врнежи во светот – околу 8 метри годишно.
Причината поради која има толку многу снег во Аомори е токму неговата локација и
надморска височина. Градот се наоѓа помеѓу два заливи (Мутсу и Аомори) и планината
Хакода, каде што е директно изложен на студениот северен воздух и околните води.
Минатата година беше особено проблематична. Толку многу снег падна во градот што
локалните власти мораа да издвојат 46 милиони долари (5,6 милијарди ¥) само за да ги
исчистат покривите и улиците.
Како снегот може да произведе струја?
За време на истражувањето, јапонските научници ќе користат големи количини собран
снег и „надворешен“ воздух за напојување на турбина која произведува електрична
енергија.
Истражувачите ќе користат топлински цевки за снабдување со воздух на турбината. Еден
дел од цевката ќе биде под земја во слив кој постојано е исполнет со снег, додека
другиот ќе биде изложен на надворешниот воздух.
Надворешниот воздух има повисока температура од воздухот од снегот бидејќи се
загрева од сонцето, а токму овие разлики во температурата ја придвижуваат оваа турбина.
Разликата во температурата помеѓу ладниот и топлиот воздух ќе доведе до конвекциона
струја во течноста за ладење на уредот, што предизвикува турбината да се ротира и да
произведува електрична енергија, како што може да се види на видеото погоре.
Научниците велат дека нивниот метод за производство на електрична енергија би можел
да ја достигне истата ефикасност како и производството на соларна енергија, а сето тоа
на многу поисплатлив начин.
Сепак, тие предупредуваат дека ефективноста на овој систем во голема мера зависи од
факторот температурна разлика.
nova.rs