Неименуваниот 65-годишник бил пронајден мртов зад карпите на плажата Ла Фоска, северно од одморалиштето Коста Брава во шпанскиот Паламос, откако учествувал во ритуал со црна магија.
Во бессознание прва го пронашла неговата сопруга, која околу пет часот наутро ја известила итната помош, но и покрај тоа што лекарите и полицајците брзо стигнале до карпите, на човекот повеќе не можело да му се помогне.
Таму го нашле опкружен со отсечени пилешки глави и било утврдено дека жртвувал животни непосредно пред смртта.
Иако се уште се чекаат резултатите од обдукцијата, полицијата не го третира случајот како кривично дело бидејќи на телото на мажот немало траги на физичка траума, објави локалниот портал Кроника Глобал, додека тамошните медиуми јавија и дека има сомнение дека смртта била предизвикана од непознати супстанци кои ги имал во себе за време на церемонијата.
Од полицијата потврдија и дека сопругата и нивните две ќерки нема да одговараат за злоупотреба на животни бидејќи „не учествувале активно во дејствијата на починатиот“.
Шпанските медиуми не спомнаа дали се работи за турист или локален жител.
vecer.press