БЕН АФЛЕК и Џенифер Лопез неодамна се појавија на премиерната забава за нејзиниот нов филм Shotgun Weeding, а видеото на кое и се правда на сопругата дека немал ништо за пиење стана хит на TikTok и собра пет милиони прегледи.
Tiktokers почнаа да се потсмеваат, а на профилот на TikTok @life_with_matt се појави видео од моментот во кој Афлек прави гестикулација со рака, покажувајќи дека ништо не испил, додека Лопез го гледа со строг поглед.
„Џен, немам што да пијам, добро? се пошегува тиктокерот, а видеото им се допаднало на повеќе од 180 илјади луѓе.
@life_with_matt #duet with @alliworkscarpets #benaffleck ♬ original sound – CelebriTea
„Смешно е затоа што се гледа дека навистина ги движи усните“, „Можеби Џен пие од чашата за да види дали има алкохол во пијалокот“, „По ѓаволите, Бен изгледа навистина исплашено“, се дел од коментарите на тиктокери.
Да потсетиме, Бен Афлек е алкохоличар кој се опоравува, а кога го допре дното, неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер го однела на рехабилитација. Уште минатото лето се шпекулираше дека тогаш новопечениот пар е во неволја поради зависноста, но шпекулациите не беа потврдени.
index.hr