(ВИДЕО) Ријана направи спектакл на „Супер Боул“ и објави дека е бремена

Поп-ѕвездата Ријана се врати на сцената по петгодишна пауза, настапувајќи на полувремето на Суперболот, најгледаниот спортски настан во САД.

 

Пејачката по настапот потврди дека е бремена по втор пат, а за време на настапот неколку пати го допирала по стомакот.

Ријана настапи со пеење и танцување на пловечки платформи, кои полека се спуштаа кон тревникот каде Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.

Таа беше облечена во црвен костим за падобран, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчери облечени во бели тренерки.

 

index.hr