Шпанските медиуми објавија информација дека турската актерка Џансу Дере исчезнала по земјотресот во Турција.
Меѓутоа, нејзините обожаватели и некои турски медиуми ја демантираат оваа информација, и наведуваат дека таа е жива и моментално им помага на загрозените.
Познатата турска актерка Џансу Дере, како што првично објавија шпанските медиуми, исчезнала по силниот земјотрес што ја погоди Турција.
Се пишуваше дека актерката која играше во многу турски серии што се прикажуваа кај нас, наводно била под урнатините бидејќи немало ни трага ни глас од неа.
Сепак, по оваа вест, фановите објавија видео на социјалните мрежи во кое тврдат дека на него се гледа турска актерка како им помага на загрозените.
Атрактивната Џансу најмногу добиваше главни улоги во серии кои беа многу популарни кај нас. Таа глумеше во познатата серија „Езел“ и беше најголемата љубов на главниот лик Езел, кој го играше Кенан Имирзалиоглу.
View this post on Instagram
tocka.mk