На 13.02.2023 во 14.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Општа болница Охрид со повреда бил донесен малолетник од Охрид. Според пријавеното, тој сам се повредил при ракување со воздушен пиштол.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на малолетникот, при што биле пронајдени и одземени пиштолот, неколку дијаболи и потврда за пријавено пневматско оружје. Исто така, во полициска станица бил извршен службен разговор со родителите на малолетникот, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.