Турската актерка бара помош за жените од погодените делови од земјотресот

0
138

Познатата турска актерка Елчин Сангу, која на публиката е позната од улогата која ја имаше во „Вљубениот ерген“во својата видео објава побара помош за турските жени кои настрадаа во земјотресот. Таа додава дека итно им се потребни хигиенски влошки на жените од погодените области од разорниот земјотрес.

-Не е срамота да ги купите, тоа е природна човечка потреба. Ве молам не се срамете да купите влошки, потребни ни се, не заборавајте на тоа, жените имаат потреби. Купете и испратете ги, вели актерката во својата објава.

 

reporter.mk