„Ги повикувам сите мои колеги, пејачи, музичари, автори, продуценти, диџеи…. Сите оние кои имаат било каква врска со музика. Одвоете бареме еден ден во овие кризни и понижувачки моменти за нашата татковина, да излезиме заедно на мирни протести и да кажеме НЕ на ништожниот француски предлог. Кафе можеме да пиеме секој ден, но Македонија можеме да ја одбраниме единствено сега….. Патриотизмот и љубовта кон нашата татковина треба да го покажеме со дела, а не само со песна. Сега е моментот да им покажеме на нашите деца дека ние сме Македонци и засекогаш така и ќе останеме. Зарем ќе се плашиме и ќе се срамиме да ја браниме нашата татковина, зарем не смееме и ние еднаш да сме горди на нашите дела и на нашата мајка Македонија. Знам дека многу ке не плукаат, ке не навредуваат, но бидете истрајни времето ќе покаже кој бил на вистинската страна. Направете вашите деца да бидат горди на вас и на вашата генерација. Бидеќи сега е моментот дали ќе не има или ќе не нема… Јас мислам дека не имало и ќе не ИМА“ напиша Спасен на својот Фејсбук профил, а потоа го додаде и следново:
„Пишуваш статус во кој ги повикуваш сите оние кои се чувствуваат како Македонци да поддржат протест на кој ќе кажат НЕ на францускиот предлог за да си го сочуваат достоинството, идентитетот, јазикот….. И оние изроди од македонци (предавници) те распнуваат на крст“.
Имено, тој на социјалните мрежи не ретко споделува и пораки со кои ги искажува своите политички мислења, а така беше и овој пат кога преку порака што ја објави на Фејсбук ги покани своите колеги да бидат дел од протестите и заедно со граѓаните кои се против бесмислениот француски предлог.
glamur.mk