Почина Ричард Белцер, актерот кој го глумеше детективот Џон Мунк во 11 ТВ серии

Актерот Ричард Белцер почина на 79-годишна возраст, пишува Daily Mail.

– Имаше многу здравствени проблеми, а неговите последни зборови беа: „Заеби“ – изјави писателот Бил Шефт за The Hollywood Reporter.

Кариерата ја започна како комичар, а подоцна се прослави и како актер.

Најпознат е по улогата на детективот Џон Мунк, лик кој го толкуваше во серијата „Убиство: Животот на улица“, која траеше седум сезони, а ја наследи „Убиство: Филмот“. Неговиот лик беше инкорпориран и во криминалната серија „Закон и ред: Единица за жртви“ која траеше уште 15 сезони.

Белцер го играше Мунк во 11 различни претстави во текот на 22 години. За прв пат, еден измислен лик беше одигран од еден актер во 11 различни телевизиски емисии.

 

24sata.hr