Вработените во ГОБ„8 Септември“ утре излегуваат на протест поради неисплатената плата

Вработените во градската болница „8-ми Септември“ за утре најавиле протест пред влезот на болницата поради неисплатената плата.

Незадоволни од доцнењето на платите, дел од вработените во ГОБ 8 Септември утре излегуваат на мирен протест. Во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот, медицинскиот персонал ќе го изрази својот револт поради проблемите со ФЗОМ, објави Канал 5.

Платите во здравството доцнат наводно, поради хакираниот систем на ФЗО, премиерот Димитар Ковачевски од здравствените работници побара трпение бидејќи „во Буџетот пари за плати има, но се бара начин како да се префрлат кај вработените“.

Но, трпението во здравството попушта. Синдикатот на здравствените работници утре напладне ќе одржи состанок на кој, во зависност од состојбата, ќе одлучи како ќе постапи и дали вработените ќе излезат на протести.

 

извор: Канал 5.