Ноќеска регистриран слаб земјотрес на 2 км од Кичево

На 2 километри од Кичево, утрово, во 01:27 часот, регистриран е послаб земјотрес со јачина од 2,8 степени по Рихтер.

Според сеизмолошките служби земјотресот бил на длабочина од 2 километри.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван од населението во Кичево и околината, а бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.