„БГНЕС“ објави дека ниту еден од бугарските услови наведени во Рамковниот став од 2019 година не се појавил во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Македонија со Европската унија (ЕУ).
Исто така, сите други услови, меѓу кои тие за заедничка историја, говор на омраза во учебниците и медиумите, рехабилитација на жртвите од режимот врз граѓани со бугарски идентитет, не се појавуваат во предлог-одлуката, објави „БГНЕС“.
Теодора Генчовска на вчерашното сослушување кажа дека Кирил Петков ветил дека ќе го укине ветото за Македонија пред крајот на француското претседателство, кое завршува за 10 дена, а „БГНЕС“ пишува дека премиерот планирал таа одлука да ја донесе сам.
Целиот текст на „БГНЕС“ може да се прочита ТУКА.