Бошковска Јанковски во СТУДИО 10: „Ванчо Михајлов“ не бара промена на името, „Цар Борис“ купува време

0
162

Централниот регистар има евидентна улога и е централна база на податоци креирани од физички и правни лица. По однос на здруженијата ЦР постапува според законот. Изменетиот закон бара од нас да ги доставиме сите здруженија до Министерствто за правда каде посебна комисија ќе донесе одлука во однос на имињата на здруженијата. Оние здруженија кои имаат несоодветни имиња ќе престанат со работа, вели Марија Бошковска Јанковски, директорка на Централен регистар во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24.

-Кај нас кога се формира здружение, независно од предложеното име во документацијата според Устав не може да се спречат граѓани да се здружуваат ако ја имаат целата документација. Централен регистар не навлегува во името. Тука не станува збор само за бугарските здруженија, вели таа.

Бошковска Јанковска вели дека има регистрирано 17 илјади здруженија кои се во базата на Централниот регистар, а меѓу нив се и спорните бугарски здруженија. Таа вели дека статутите главно се исти кај сите здруженија.

-На уписот во Централниот регистар, постои можност на жалба. Секој има право да се жали на упис на одредено здружение во ЦР, вели таа.

-Од спорните бугарски здруженија „Иван Михајлов“ нема поднесено барање за промена на името, а „Цар Борис Трети“ има допис кој е барање да се усогласи со новиот закон. Но тој лист хартија не значи ништо оти не се наведува на кој начин ќе биде усогласувањето. ЦР одговара дека здружението треба да достави документација за да се усогласи со новиот закон. Ако достават пријава, ЦР ќе ја достави документацијата до Министерството за правда, вели Бошковска Јанковски.

Понатаму регистацијата на секое здружение ќе оди преку комисијата во Министерството за правда која ќе одлучува дали називот е соодветен или не преку издадена согласност, додава директорката на Централен регистар.

 

Извор: ТВ 24