Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД

0
5

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски најави дека цариниците во иднина ќе носат боди камери со кои што се очекува да се намали значително нивото на корупција и ќе се зголеми контролата.

„За сузбивање на корупцијата преземаме конкретни мерки, во скоро време ќе се набават 60 боди камери за што е обезбедена донација од амбасадата на САД“, рече Николовски.

На сите гранични премини веќе е поставен системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички кој покрај безбедносна функција ќе делува и во насока на олеснување на трговијата преку алармирање кога одредена лента е оптоварена.

Тој додаде дека интензивно се работи и на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ, а најави и координирани акции во иднина со останатите институции.️