Едно лице загина на автопатот Скопје–Куманово откако со возило удрило во столб од патарина

0
156

Едно лице почина откако со автомобил удрил во столб од наплатна станица „Романовце”, соопштија денеска и СВР Куманово и РЦУК Куманово.

– Денеска околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштија од полицијата.

извор: СВР Куманово и РЦУК Куманово