„Порше“ излета од автопатот Скопје-Куманово, тешко повреден возачот

Вчера вечер околу 20,10 часот на автопатот Куманово-Скопје во атар на село Романовце, кумановско, патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот В.С. од Скопје, излетало надвор од коловозот, извести МВР.

– По несреќата В.С. бил пренесен во Ургентен центар-Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда, соопшти МВР.

 

 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово.