Пред владата протестираат пензионерите. „Само 3.500 денари надеж за живот“, „Оставка“, „Ако има за вас треба да има и за нас“… се само дел од пораките кои на денешен протест пред Владата ги искажаа голем број на пензионери од разни краеви на Македонија.
Тие порачуваат дека ако нивните барања не бидат реализирани ќе бараат оставка од премиерот и министерката за труд и социјална политика. Главните барања на протестот се 3.500 денари линеарно покачување на сите пензии, а најниската да не биде помала од 18.000 денари, како и промена на методологијата.
-Остануваме на барањето сите пензии да се зголемат линеарно за 3.500 денари. Потоа да се изврши нивелирање со кое минималната пензија ќе биде барем 45 отосто од просечната нето плата. Ако итно не биде остварено овие наши барања, за кои слушаме дека е формирана работна група, тогаш ќе побараме оставка на министерката за труд и социјална политика. Но оставка ќе побараме и од премиерот кој многупати има изјавено дека Владата се грижи за пензионерите и дека пензиите во изминатиот период се покачени – но, тоа не е доволно!, изјавуваат пензионерите.
skopskoeho.mk