На денешен ден во Скопје почина Ристо Крле македонски драмски писател

0
133

На денешен ден во 1975 година, во Скопје, почина Ристо Крле, македонски драмски писател и еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија.

Ристо Крле е роден во 1900 година во Струга, како син на кондураџија. Неговото школување било краткотрајно со чести прекини. До Првата светска војна, тој го завршил основното училиште и една година од средното училиште. Потоа, до 1916 година паузирал со образованието. Кога Македонија била под српска окупација, тој решил да го продолжи своето образование и успешно завршил уште една година од средното образование. Но, за жал, образованието на Ристо Крле било уште еднаш прекинато поради смртта на неговиот татко. Потоа, тој немал можност да го продолжи своето образование. Како младинец, тој се вработил, и по завршувањето на Првата светска војна, ја наследил професијата на својот татко – станал кондураџија.

Неговата активност започна со групата на културните изведувачи „Црн Дрим“ од Струга. Четири години подоцна, Ристо Крле се приклучил на аматерската група на глумци – изведувачи и неговата желба беше да напише сопствена драма. Но, таа негова желба не се реализирала во скоро време. Во 1925 година, тој заминал во Поградец, на албанска територија, каде што живееле голем број Македонци. Таму, тој прифатил да работи како комуналец, останувајќи една година. Кога работел во Албанија, Ристо ја добил идејата за неговата прва драма: „Парите се отепувачка“, која била премиерно изведена многу подоцна – на 27 декември 1938 година, на сцената на скопскиот театар. По враќањето од Поградец во Струга, Ристо Крле се вработил, но по две години бил отпуштен како вишок. За да може да опстане со неговото семејство, тој отворил своја чевларска работилница, но поради конкуренцијата од поголемите компании, морал да ја затвори.

Ристо Крле променил многу работни места и по Втората светска војна, т.е. во кратки периоди работел во Скопје и во Белград. Ристо Крле, исто така, бил и активен член на Друштвото на Писателите во Македонија. Починал на 75-годишна возраст во Скопје.

 

wikipedia.mk