Две лица загинати а 18 повредени на прослава на Ноќта на вештерките во Флорида

0
151

Две лица загинаа, а 18 се ранети во престрелка меѓу две групи кои ја славеле Ноќта на вештерките на улица во Флорида.

Полицијата уапси еден осомничен, додека по другиот се уште се трага.

Пукањето било пријавено околу 3 часот по полноќ, во неделата.

Тепачката се случила во населба каде има многу барови и клубови отворени до доцна во ноќта.

Полицијата се уште не е сигурна дали луѓето кои учествувале во пукањето биле во некој од локалите пред трагедијата.

 

 

 

fokus.mk