Занаетчија од Битола изгреба добивка од 10 000 000 денари на инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР

0
260

Добивка од 10 000 000 денари на инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР, изгребана, во „Димпо“, кај пазарот во Битола, добитникот е занаетчија

Инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР не израдува со првата добивка во вредност од 10 000 000 денари. Ова е најголемата парична добивка на инстант лоз од почеток на приредување на инстант лотарија на Државна лотарија.

Со добитникот се запознавме по просториите на Државна лотарија,
бидејќи и покрај можноста за исплата на добивки од игрите на среќа на регионални благајни во Битола и во други градови , сепак големите премии се потврдуваат и исплаќаат на главната благајна, во дирекцијата на Државна лотарија. На таа куса средба во Скопје, добитникот со нас ја сподели приказната за својата ненаједна среќа – што го погодила „како гром од ведро небо“.

Имено, 30 години редовно игра лото, а веќе осум години редовно уплаќал токму во Димпо, кај пазарот во Битола. Неговата основна игра е лото на којашто и е со години верен. Но, при секоја лото уплата тој си ја искушувал среќата и со купување на по еден инстант лоз. Не повеќе, само по еден, а често избирал различен.
Како што се сеќава, пред 8 години, првиот инстант лоз што го купил, бил Златна рипка, што му донела 1000 денари и оттогаш редовно купувал, но никогаш не добил повеќе од 1000 денари. Иако редовно уплаќал лото, ни на лото не добил никогаш повеќе од 1000 денари. Сепак, не се откажувал, продолжувал да си уплаќа лото и да си купува по еден инстант лоз, секоја среда и сабота, секогаш од Димпо. Тој самиот се пробивал низ животот, имал мали примања, но секогаш бил тука за блиските и пријателите ако им требала неговата помош од занаетчиски работи. Добитникот со трепет и посебна нежност ни соопшти дека откако ќерка му дознала за добивката му рекла „Тато, оваа среќа е награда за твојата добрина“.
„Секогаш си велев дека еден ден ќе падне“, ни рече добитникот. „Јас си верував во среќата. Треба да се верува и да не се откажуваш“, додава добитникот. „Јас толку време играв и не се откажував. Може и до ѕвездата е, ама ништо без верба“.

 

babambitola.mk