360°: С Македонија ѝ донира 12 хеликоптери на Украина и купува 8 нови

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во „360 степени“ се најавите дека земјава ќе и донира 12 хеликоптери „ми-24“ на Украина и дека ќе набавува 8 нови – повеќенаменски, на западна платформа.

-Имаме пет понуди од различни компании од различни држави. Договорот ќе биде Влада со Влада и не подлежи на Законот за јавни набавки, рече Петровска во гостувањето во „360 степени“.

Таа додаде дека евалуацијата на понудите ќе биде завршена во април, а допрва ќе се договара начинот на плаќање. Петровска истакна дека ќе се набавуваат осум хеликоптери, а воедно противвоздушниот ракетен систем кој се набавува од Франција е дел од начинот на кој се гарантира безбедноста и е дел од планот за модернизација

-Во 2024 треба да започне испораката на противвоздушниот ракетен систем, бидејќи станува збор за повеќе елементи кои се содржани, истакна министерката.

извор: „360 степени“