(ФОТО) Голем одрон меѓу Скопје и Велес, автопатот е затворен

0
187

Голем одрон се случи вечерва на автопатот Скопје-Велес, а поради тоа автопатската делница целосно е затворена за сообраќај, објави 4news.mk.

Автопатот е блокиран пред наплатната станица Сопот, а одронот создаде голема гужва на автопатот.

„На автопатот Скопје-Велес после м.в.Ветерско сообраќајот е во целосен прекин“, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

foto 4news.mk