Литија во Струмица со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница

0
225

Во Струмица денеска се одржa свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница.

По отслужувањето на Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, синоќа иконата беше пренесена во храмот „Свети Григориј и Свети Димитриј Палама“, каде е поставена за поклонение на верниците.

Свечената литија денеска тргнa во 10 часот од пред храмот на „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

Пред шест години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

 

kurir.mk