Работниците бесни на Цукерберг: „Прво отпушти илјадници работници, а сега раководството го почести со бонуси“

0
179

Вработените во Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, побараа од извршниот директор Марк Закерберг да објасни зошто директорите на компанијата добивале бонуси во време кога илјадници нивни колеги ги губат своите работни места.

 

– Зошто целиот тим на директори доби бонуси и добри оценки, кога тие беа одговорни и за изборите што доведоа до потреба да се отпуштат 20 проценти од работниците – праша еден од вработените.

 

Каде е економската логика, се запраша.

Закерберг, наводно, одговорил дека е задоволен од тоа како извршните директори го направиле својот дел и како тие се прилагодиле на промените. Тој посочи дека минатата недела биле отпуштени 4.000 работници.

 

Во средината на март пишувавме дека Мета најави уште 10.000 отпуштања, по 11.000 во ноември. Со тоа, империјата на Марк Цукерберг ги „демантираше“ тврдењата дека технолошките компании се имуни на отпуштања и пресврти во Силиконската долина.

 

nova.rs