Телма: Ученик со нож во училиште им се заканувал на децата дека ќе ги убие, се жалат родители – директорката вели „не е точно“

0
218

Ученик од шесто одделение во основното училиште Браќа Миладиновци во скопската населба Аердором носел нож на часовите и им се заканувал на децата дека ќе ги убие. Родителите од одделението со писмо до медиумите известуваат за овој случај за кој велат дека секојдневно ескалира. Освен што се заканувал, давел дете до снемување воздух и истиот ден истепал три деца од одделение и едно во ходник, објави Телма.

Истото тоа дете нападна и наставник. Бојкотиравме и настава, свикавме и итна родителска средба во присуство на Директорката на училиштето, каде што ни вети некои санкции. Првата беше постојано присуство на часови од личност назначена од Директорот – тоа не се случи, зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница зборот не беше одржан. Во меѓувреме се случија и други насилства. Истото дете постојано го ремети наставниот процес, се вели во писмото од загрижените родители.
Додаваат дека поднеле барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјала, за преместување на ученикот во друго училиште, бидеќи и покрај секојдневните разговори со стручните служби од училиштето, во времетраење од неколку години наназад, однесувањето на детето не се подобрува туку се влошува. Велат дека сите нивни реакции се сведени на преписки од една до друга институција. Директорката вчера им забранила влез училиштето на одредени родители.

Од образовните институции дознаваме дека за детето е обезбедена секоја потребна стручна помош и во училиштето но и надвор од него.

Директорката на училиштето ги демантира родителите и во изјава за Телма вели дека „ништо од тоа не е точно“.

извор: Телма.