Мигрант со нож усмрти мигрант во Куманово

Во кумановската болница утрово почина мигрант кој претходно бил повреден со остар предмет, според информациите од Министерството за внатрешни работи. Лицето било пронајдено во атарот на кумновското село Речица со повреди од остар предмет и било пренесено во Општа болница Куманово, каде починало во 07:45 часот.

Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид на местото на настанот и, според преземените мерки и извршени разговори, констатирале дека дошло до физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти. Починатиот мигрант бил прободен со остар предмет. Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор:МВР