(ВИДЕО) Маж влета на конгрес и почна да го тепа гинекологот на жена му: Имаш среќа што не те убив

Разлутен маж упаднал на конгрес на гинеколози во Балтимор и почнал да му удира шлаканици на панелист, тврдејќи дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга додека ја прегледувал.

Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како крупен маж излегува на сцената, го фаќа лекарот од Лонг Ајленд за јака, а потоа почнува да му удира шлаканици. Запрепастениот доктор гледа наоколу за помош додека многу повисокиот човек го фаќа за врат и покажува кон него.

Знаеш што направи! Пред седум години сексуално ја нападна мојата сопруга. Чекав седум години да те запознаам. Имаш среќа што не те убив – вика мажот додека некој од публиката гласно го повикува обезбедувањето.

видео: Mike Sington