На улица во Радовиш пронашол бомба, безбедно отстранета од страна на Дирекцијата за заштита и спасување

На 13.06.2023 во 17.45 часот во Полициската станица Радовиш, С.И.(41) од Радовиш пријавил дека на улица „Даме Груев“ во Радовиш пронашол експлозивна направа.

Пиротехничар до Дирекција за заштита и спасување и екипа на ОВР Радовиш извршил увид и било утврдено дека се работи за неексплодирана рачна бомба која потекнува од Првата светска војна.

Бомбата била подигната за понатамошна постапка.

Извор: МВР