ЦУК: Се санираат последиците од невремето во Трстеник и Дебреште

РЦУК – Велес, известува дека согласно информациите добиени од Раководителот на Општнскиот штаб за Заштита и Спасување на Општина Росоман од вчерашнот невреме кое го зафатен и дел од Општина Росоман, поточно с. Трстеник каде што од поројните дождови имаше поплавено неколку подрумски простории кои ги санираа самите граѓани. Исто така во во тој реон беше зафатено и с. Дебриште.
Ова село се наоѓа во ридско планинскиот предел. И во овој реон има зафатено, односно поплавено неколку подрумски простории. Како последица на невремето делумно е оштетен пат кој се наоѓа на крајот од селото. На лице место биле екипи од ЕЛС Росоман која извршила увид на настанатите штети и од нив сме известени дека истите ке бидат санирани со сили и средства од Општина Росоман.

извор:ЦУК