Големата битолска и Македонска театарска, филмска и телевизиска актерка Јоана Поповска денес полни 80 години живот!
Претерано талентирана, енергична и импресивна актерка која важи за позната битолчанка и царица на битолскиот народен театар, нејзините корени по татко и мајка водат потекло од славно Крушево.
Нејзино прво филмско остварување е Планината на гневот – 1968 година, и се така активна повеќе од половина век ревносно твори и се дава себе си за македонското глумиште.
Има одиграно еден значаен дел на приказни од периодот 1990 -1991 година.
Најмногу ќе ја паметиме како ТРЕСКАТА која го тресеше чорбаџијата и јадеше слатко благо; како ПРАВДИНАТА која седна да вечера со кривината; како ЦАРИЦАТА, БАБАТА, ЧОРБАЏИКАТА, итн…
Среќен роденден драга Јоана, да Ви се множат годините до сто и една па и нагоре!
Фото и текст: Горан Марковски