Професионална екипа од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид успеа да ги извлечат од реката Вардар камионот и цистерната кои за време на големо невреме проследено со силен дожд возачот изгуби контрола над возилото и од висина од околу седум метри од мостот во село Таор слета во реката.
Оваа операција се изведе со голема доза на ризик, а посебен проблем претставуваше надојдената и брза вода која не дозволуваше пристап до камионот.
Со голема пожртвуваност и со голем професионализам на нуркачите, мештаните и ракувачот на механизацијата оваа акција се изведе безбедно, се вели во објавата на ФБ од Нуркачкиот центар Амфора.
извор: ФБ Амфора