Во Лепенец се трага по три члена од исто семејство, сообраќајката ја преживеал 21- годишен син

Ниту трага ниту глас од тројцата патници од БМВ-то кои вчера, по судир со возило излетаа во реката Лепенец на делницата Скопје – Блаце, објави Канал 5.

Потрагата по тројцата граѓани на Косово, од кои еден е 16 годишен малолетник е отежната поради заматената и надојдена река, а разлетаните гранки, камења и предмети во нејзе, претставуваат опасност и за нуркачите. Директорот на ДЗС – Беким Максути кажа дека потрагата се одвива на неколку локации, а во истата помагаат, полицијата, армијата, пожарникарите, а има екипи за спасување и од Косово, но вели, од најголема помош би било да се поправат временските услови..

„Го отежнува целиот процес на пребарување, се надеваме дека утрешните часови на некој начин ќе бидат по полодни во однос на тоа дека температурите ќе бидат подобри и нивото на реката ќе биде намалено со тоа што и процесот на пребарување ќе биде полесен и поефикасен. Значи целата мисија се одвива на тоа да не загрозуваме дополнителни животи на луѓе со тоа што тие влегуваат да пребаруваат во реката. Секој припадник кој влегува во реката може да остане максимум 30 минути.

Сообраќајната несреќа се случила вчера после 15 часот, а според информациите од обвинителството, до неа дошло откако скопјанец со „фолгскваген туран“ тргнал да претекнува колона од возила од Скопје кон Блаце.

Текстот во целост на: Канал 5.