Заврши расправата за ребалансот на буџетот, не помина амандманот на ССМ со кој вработените во јавниот сектор требаше да добијат зголемување на платите

Заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година на Комисијата за финансирање и буџет. Од поднесени 204 амандмани, од кои над 170 на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два на СДСМ, беа прифатени околу десет.

На десеттиот, последен ден од расправата беа прифатени двата амандмана на СДСМ, кои се однесуваат за набавка на опрема и машини за јавно здравствените установи.

На крајот од расправата не помина амандманот на ССМ, предложен како комисиски, со кој вработените во јавниот сектор требаше да добијат зголемување на платите за 2.806 денари. Не помина и амандманот за парична помош за приватниот сектор.

По завршувањето на амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет, Буџетот се враќа во Владата, која треба како дополнет предлог да го достави во Собранието, каде во рок од пет дена треба да биде разгледан на пленарна седница.

Извор: Курир
фото: Архива