Двајца македонски државјани се застрелани, а еден им подлегнал на повредите рано утрово во туристичко место во Ханиоти, Халкидики.
Убиството според пишувањата на грчките медиуми се случило во 3 часот и 30 минути по полноќ, Република.
Според очевидци на настанот, две непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмената соба во која престојувале сега починатиот и повредениот и пукале во нив.
По нападот двете лица биле пренесени во болница каде била констатирана смртта на еден од застреланите додека другото лице е хоспитализирано.
Според првичните информации станува збор за лицата Б.О. (39) кој е убиен и С.С (45) годишна возраст.
Грчките медиуми посочуваат дека се работи за нарачано убиство посочувајќи го убиството од пред неколку месеци во Шиша бар.
Убиството во Шиша Бар се случи на 6 март, а напаѓачите влегле во Шиша бар во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека налик на униформа по што повикале дека станува збор за полициска рација.
Кога ги нашле „таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место беа убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени.
По нападот, групата убијци избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во Шуто Оризари. Регистрациите на запалениот автомобил биле украдени од друго возило.
Повреденото лице е хоспитализиран во болницата Полигирос.
Локалната полициска управа спроведува прелиминарна истрага.