Имав чест и задоволство да учествувам со свое обраќање на Политичката академија 2022 – Стратегија и визија во време на криза, која денеска се одржа во Охрид.
Моето излагање беше на тема ,,Водење на општините – кохабитација со централната власт”.
Академијата е организирана од страна на фондацијата ,,Конрад Аденауер” (Konrad-Adenauer-Stiftung) и партискиот истражувачко-аналитички центар ,,Љубиша Георгиевски”.
Учесници на Академијата беа членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.