Ристо Пенов е новиот министер за локална самоуправа

0
147

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов од денес е новиот министер за локална самоуправа. За него на 88 седница гласаа 63-ца пратеници, а 30 беа „против“. Пенов доаѓа на местото на неговиот сопартиец од ЛДП Горан Милевски, кој поднесе оставка на 20 септември „од лични причини“. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, пред три дена на седницата во Собранието за избор на член на Владата го претстави предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа.

По гласањето Пенов веднаш даде и потпиша и свечена изјава со што и официјално стапи на функцијата. А поранешниот министер Милевски му посака успешна работа.

„Денес извршивме примопредавање со новиот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов. ЛДП продолжува да го води овој ресор важен за развојот на планските региони и општините. Посакувам успешна работа“, објави Милевски.

извор: ФБ Горан Милевски