Гордана Силјановска Давкова даде свечена заклетна и ја превзеде функцијата Претседател. На свечената заклетва не го изговори зборот „Северна“.Таа се заколна во Македонија и при тоа го одржа зборот дека ќе го почтува но нема да го користи новото име на државата.
Таа рече дека не може да поверува дека ќе добие толкава доверба
-Единствениот човек кој тврдеше дека ќе добијат волкава доверба е Христијан Мицкоски.Јас велев не е можно.
-Ќе го почитувам овој парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги помнам само добрите, ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив по етничка, верска, полова ни по која било друга основа. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови кои не се само најубав подарок за мојот роденден, туку и најголема обврска и одговорност, истакна Сиљановска-Давкова на инаугурацијата на 151 седница на Собранието, која ја водеше досегашниот нејзин претседател Јован Митрески.
Својот говор таа им го посвети на жените кои, рече, се оние заради кои се нафатила да се кандидира за оваа должност и затоа што сака да ги инспирира дека е можно во земјава и жена да стане претседател на државата.
Нагласи дека довербата е многу важна и таа ќе ја оправда затоа што ја добила оваа можност и затоа што, рече, добила шанса да биде опкружена со многу жени.
Првиот и основен критериум „за дружење“ со неа ќе биде стручност и компетентност, а владеење на правото е тоа што оваа држава, рече, ќе ја направи европска, а не „владеење на малкумина, не владеење на мажите“.
Порача дека е време е за единство „кое може да значи и женска филозофија и женска автентичност“ и дека државата ја имаме благодарение не само на комитите и партизаните, туку и на комитките како Сирма Војвотка и на партизанките како Вера Циривири-Трена, Вера Јоциќ и Ибе Палкуќа.
Инаку вест број еден и во региов е заклетвата на Силјановска Давкова. Пристигнуваат честитки, а од одредени земји и опомени за како што велат непочитувањето на Договорот од Преспа.
Инаку трагајќи по фотографии и говорот на Претседателката многу е логично да се отвори официјалниот сајт pretsedatel.mk, но таму последната вест која е објавена е на 5 ти овој месец, а исто така таму сеуште стои дека претседател е Стево Пендаровски.
https://pretsedatel.mk/