Макрон на македонски јазик ја честита победата на Силјановска Давкова

0
70

Францускиот претседател Емануел Макрон со порака напишана на македонски јазик, а објавена на неговиот официјален профил на Фејсбук ја честита победата на Гордана Силјановска Давкова.

„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за претседател.Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“, се вели во честитката на Макрон за изборот на Гордана Сиљаносвка-Давкова за претседателка на Македонија.

 

mms.mk