Дојава за бомба утринава пристигнала и на електронската адреса на Градскиот трговски центар (ГТЦ). Во моментов се евакуираат посетителите и вработените во дуќаните во трговскиот.
Полицијата е на терен и врши проверки за веродостојноста на заканите.
Закана за експлозивна направа утринава пристигна и до зградата на Министерството за надворешни работи (МНР).
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.